Свет

Загребчани се разбудија во страв и паника: Два земјотреси во главниот град на Хрватска

Околу два часот по полноќ, Загреб го потресоа два земјотреси. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) извести дека станува збор за земјотрес од 1,9 степени според Рихтеровата скала, а потоа и 2,7 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресите го разбудија Загреб и околните градови. Земјотресите ги разбудија и испаничија загребчани: ,, Колку тресеше. Како силна експлозија под куќата. Прво мал удар, по неколку минути силен удар и ја потресе цела куќа.Имаше силно тресење, грмежи, а потоа и гласно тресење”, коментираат граѓаните. По 7 часот земјотрес од 3,1 степен по Рихтеровата скала ја погоди и Босна и Херцеговина. Земјотресот бил на 29 степени од Мостар.

To Top