Македонија

Вработените од „Национални шуми“ во штрајк: Плати нема, а има нови 450 вработувања

Забрана за движења низ шумите и националните заштитени подрачја

Две илјади вработени од ,, Национални шуми” од денеска стапија во генерален штрајк. Револтирани се дека не добиле плати за месец јануари, а во исто време има 450 нови вработувања.

,,Последната плата која ја добија вработените беше декемвриската и таа е намалена линеарно за 6.800 денари, кои деновиве биле доплатени. Недостоинствено е во услови на секојдневно зголемување на трошоците на живот, вработените да не добиваат плата. Барањата не се само исплата на плата, туку и исплата на теренски надоместоци за повеќе месеци. Ако раководството не може да исплати плата нека поднесе одговорност и оставка“, кажа на прес конференција Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Штрајкот на вработените се одвива во работните простории. Директорот на Национални шуми Валентин Груевски потврди дека доцни јануарската плата, за која вети исплата најдоцна до утре.

На почеток