Советот на Град Скопје денеска ќе одржи седница на која ќе се дискутира за доделување на еднократна парична помош на семејствата на загинатите во сообраќајката на автопатот Скопје – Тетово, кај селото Ласкарци.
Оваа одлука на град Скопје ќе предвиди на фамилиите да исплати парична помош од 100.000 денари во нето износ.