Скопје

Личните карти од денес ќе се подигаат во полициските станици во Скопје

Наместо неуспешниот обид за достава на новите лични карти на домашна адреса, од денеска МВР Скопје почна со издавање лични карти во надлежните полициски станици, според местото на живеење.

Oд Mинистерството оценуваат дека анализата на успешноста на доставање лични карти на домашна адреса довела до заклучок дека постапката е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна и дека го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои биле задолжени за достава.

,,Секој граѓанин ќе може да пристапи во кој било период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта”, порачаа од МВР.

Но граѓаните незадоволни реагираат бидејќи подигнувањето на новите пасоши останува како и до сега, што создава големи проблеми. До сега се издадени нови 1.400.000 патни идправи. Повеќе од еден милион граѓани се уште не ја започнале постапката за нови пасоши.

На почеток