Свет

САД со Резолуција го поддржа пристапувањето на Македонија во ЕУ

САД: Ќе продолжиме да притискаме за прекин на огнот и ослободување на заложниците

Американските сенатори Питер Велч, Џин Шахин, Пит Рикетс и Том Тилис предложија Резолуција со која САД даваат поддршка за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.Сенаторите ја истакнале силата на трансатлантските односи меѓу САД, Република Северна Македонија и Европа. Во резолуцијата, како што пренесува Гласот на Америка на македонски јазик, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Северна Македонија, без дополнителни билатерални услови.

,,Претседателот и државниот секретар да продолжат тесно да соработуваат со Владата на Северна Македонија, да го поддржат проширувањето на Европската Унија со Западниот Балкан, вклучително и Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европска Унија”, се вели во резолуцијата.

,,Горд сум што ја ко-спонзорирам оваа двопартиска резолуција, која потврдува дека иднината на Северна Македонија е со европското семејство. Откако ја пречекавме Северна Македонија во НАТО во 2020 година, време е да работиме за да му помогнеме на нашиот сојузник да ги исполни сите одредници потребни за да се постигне членство во ЕУ. САД треба да продолжат да работат со нашите северномакедонски партнери за проширувањето на Европската унија да стане реалност“, рекол сенаторот Шахин. Уверен сум дека членството на Северна Македонија во ЕУ ќе донесе зголемени можности за размена на бизнис и трговија, како и дополнителна координација меѓу Националната гарда на Вермонт и Армијата на Северна Македонија“, рекол сенаторот Велч.

,,Северна Македонија е вреден стратешки партнер и клучен сојузник на САД на Балканот“, посочил сенаторот Тилис.

На почеток