🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Скоро 50 отсто од децата во Скопје се невакцирани, неделава ќе се знаат дали така биле пуштани во градинка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
uciliste-skolo-deca-ucenici-4

Неделава ќе се знае дали се примаат невакцинирани деца во градинките, а 50 отсто од најмладите во Скопје, не се вакцинирани. Ова го посочи в.д. директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска. Таа укажа дека освен градинките, ќе бидат казнувани и одговорните лица, доколку биде затекнато дете кое е невакцинирано.

— реклама —

„Скоро 50 проценти од децата кои посетуваат градинки во Скопје се невакцинирани или нецелосно вакцинирани. Сметам дека е поразителен факт за ова општество. Сметам дека оваа акција треба да продолжи и во следните денови. Директорите на градинките дадоа уверување дека ќе ја почитуваат мерката, а ние ќе провериме“, рече в.д. директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска.

Кажа дека проблемот е во Скопје, а децата кои сега се вакцинираат, не треба да седат дома 21 ден.

— реклама —

„Нема мерка од нас или било кој издадено, дека дете треба да седи дома 21 ден по вакцина. Во текот на вчерашниот ден, правиме вонредни инспекциски надзори по другите градови, од првичните информации, имаме вакцинирано деца над 90 отсто. Таму родителите се одговорни и ја почитуваат мерката. Очигледно дека проблемот ни е во градот Скопје“, додаде таа.

Поради опасноста од ширење на големата кашлица, министерот за здравство ги прифати препораките од Комисијата за заштита од заразни болести. Родителите кои ќе одбијат да ги вакцинираат своите деца може да се соочат со казни од 300 до 650 евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања