Свет

(Видео) Нападнат рускиот град Белгород. Погодена и градската администрација

Меѓусебни напади меѓу Русија и Украина со беспилотни летала; Путин најавува зајакнување на армијата во близина на границата со Финска

Украинското беспилотно летало удрило во зградата на градската управа во Белгород, при што биле повредени две жени, објави гувернерот на руската погранична област Белгород Вјачеслав Гладков, пренесува руската државна новинска агенција Тас.

„Непријателски дрон удри во управната зграда на Белгород. Две лица се повредени: една жена се здобила со рани од шрапнели, додека другата се здобила со повреда од експлозија. На повредените им е пружена сета неопходна медицинска помош“, напиша Гладков на својот канал Телеграм.

Според Гладков, стаклата на зградата се искршени, а фасадата е оштетена од шут. Сите служби за итна помош излегоа на лице место за да ги расчистат последиците од нападот. Гладков изјавил и дека дрон паднал на покривот на трговски центар во близина на железничката станица, при што нема жртви, но е оштетен еден автомобил.

На социјалните мрежи се шири видео од беспилотно летало кое паѓа и експлодира недалеку од камерманот. Според првичните информации, камерманот не е повреден во експлозијата.

На почеток