„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

За умреницата наместо венчаницата, Стевчо Јакимовски доби јавно извинување и ветување дека службеничката ќе биде казнета

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-03-12-at-19.38.36

Управа за водење на матичните книги упати извинување до семејството на Стевчо Јакимовски, чии син и снаа добиле извод од умрени, наместо извод од венчани, каде бил впишан датумот на венчавање.

— реклама —

„Во врска со настанатата несакана грешка на издаден погрешен образец од матична книга на венчаните, искажана преку јавно информирање од страна на градоначалникот на Општина Карпош г-дин Стевчо Јакимовски, известуваме дека направен е увид во целокупното постапување по предметното барање за издавање на извод на интернационален образец од матична книга на венчаните. Утврден е пропуст сторен од страна на административен службеник, вработен во Управата за водење на матични книги – Подрачно одделение Скопје и истиот во краток рок ќе биде санкциониран согласно Законот за административни службеници. Јавно се извинуваме на семејството на градоначалникот на Општина Карпош г-дин Стевчо Јакимовски за немилиот настан“, напишаа од Управа за водење на матичните книги.

Синот и снаата на Стевчо Јакимовски побарале венчаница, а добиле умреница. Ова го кажа кандидатот на претседател и градоначалник на Карпош.

— реклама —

МАКЕДОНИЈА(Видео) Синот и снаата на Стевчо Јакимовски побарале венчаница, а добиле умреница: Датумот на свадба им е ставен како датум на нивната смртAvatar

ОдСкопје1.мкОбјавено на 12/03/2024

Синот и снаата на Стевчо Јакимовски побарале венчаница, а добиле умреница. Ова го кажа кандидатот на претседател и градоначалник на Карпош.

„Син ми и снаата побараа извод од матична книга на венчани, а добија од матична книга на умрени. Денот на нивната свадба е ставен како ден на нивната смрт“, кажа Јакимовски.

Потоа, тој додава: „Овие млади луѓе се во шок, можете да замислите секоја годишнина од бракот на што ќе ги потсеќа“:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library19sj3ql8p0ct7mBSvhe

Матичарите штрајкуваат: денеска нема изводи, нема запишување бракови – револтот зовре

Македонија | пред 3 дена

media-libraryvarkv7pi2go241ZDQYE

Бојкот на работата во Управата за матични книги, утре нема издавање на никакви документи!

Скопје | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања