Сеизмолог од Црна Гора за земјотресот кој утрово го разбуди Балканот: Граѓаните се вознемирени, имало уште 30 земјотреси
Срѓан Цековиќ од Сеизмолошкиот институт на Црна Гора за РТС изјави дека секторот регистрирал посилен земјотрес од 5,4 степени според Рихтеровата скала кај Чароѓ.
Како што потврди, длабочината на земјотресот бил на 14 километри под земјата. Цековиќ изјавил дека ваков земјотрес може да предизвика материјална штета.
„Имавме многу повици, имаше вознемиреност. Доброто е што епицентарот бил во ненаселено место. Најсилно се почувствува околу Билеќа со интензитет од 6 степени“, вели Цековиќ.
Тој посочи дека во Србија земјотресот најмногу се почувствувал во околината на Нова Варош, Нови Пазар и Пожега.
Тој истакна дека главниот земјотрес бил проследен со уште 30 последователни потреси.
Како што рече, засега нема извештаи за материјална штета.
„Сите граѓани на Црна Гора и на целиот свет треба да научат да живеат со природни катастрофи, кога ќе се случи земјотрес нема место за паника“, вели Цековиќ.