Македонија

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Лазаревска: Мицкоски и ДПМНЕ стануваат засолниште на дилери, тие се опасност по безбедноста на децата

,,СДСМ најостро го осудува чинот на остранување на спомен плочата на НОБ во Охрид.

Бараме локалната власт на ДПМНЕ да излезе пред граѓаните и каже кој ќе понесе одговорност.

Одговорност за сите инволвирани, бидејќи уништување културно заштитено наследство е казниво дело.

Кој ќе ја сноси одговорноста и кој дозволил да се случи вакво нешто одговор треба да даде градоначалникот од ДПМНЕ, Кирил Пецаков.

Насилното тргање на спомен плочата од НОБ е последица на хаосот кој владее во Охрид и дозволеното самоволие.

Локалната власт на ДПМНЕ во Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков дозволуваат самоволие, урбано дивеење и уништување на споменици од НОБ.

Ова е уште една потврда, ДПМНЕ воопшто не се грижи за историското минато и антифашистичката борба туку само за бизнис интересите на поединци.

Само поради нивните бизнис интереси во ризик е културното и историското значање на Охрид.

Охриѓани очекуваат одговори од градоначалникот Пецаков кој ќе понесе одговорноста”, изјави Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ

На почеток