Медиасет

Алкараз го боцна пчела во глава, натпреварот беше прекинат речиси два часа

Алкараз нема да игра за Шпанија во Дејвис купот

Карлос Алкараз и Александар Зверев се соочија со несекојдневен проблем во четвртфиналниот натпревар од Индијан Велс.

На самиот почеток од мечот, при резултат 1:1, рој пчели направи голем проблем, особено на Шпанецот, кој мораше да побегне од теренот.

Натпреварот беше прекинат, судијата веднаш увиде колку е сериозна ситуацијата, а Алберт Молина, агентот на Алкараз, откри дека пчела го искасала Карлос во глава.

„Една од 1.000 пчели го искаса во челото. Во предниот дел. Но, тој е добро и тој е во соблекувалната“, објасни Молина на паузата, а потоа додаде:

„На нашата страна од клупата се беше во ред. Но, во областа на Карлос имаше вистински облак. На почетокот изгледаа како комарци, но потоа сфативме дека се пчели. Беше целосно опкружен!“.

Човек кој е експерт за пчели морал подоцна да влезе на терен, за да ја реши ситуацијата, а паузата траела дури час и 48 минути.

За време на паузата и навивачите ги напуштија трибините, но по исчистувањето на теренот немаше повеќе проблеми, па Алкараз победи со 2:0 и постави полуфинале со Јаник Синер.

На почеток