Магазин

Бред Пит повторно ја победи Анџелина на суд

На повидок примирје меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли во војната за винарницата

Холивудскиот актер Бред Пит ја тужи својата поранешна сопруга Анџелина Џоли поради имотот „Шато Миравал“, каде се произведува наградуваното розе вино.

Имотот се простира на 1.300 хектари во Прованса, јужна Франција, а парот дури и се венча во 2014 година.

Врховниот суд во Лос Анџелес ги потврди тврдењата на Бред дека Џоли го продаде својот удел без негова согласност, што таа се обиде да го отфрли.

Ова значи дека уште една судска победа е на страната на актерот, бидејќи судот ги отфрли наводите дека неговата тужба е „несериозна, злонамерна и дел од проблематична шема“.

Битката за винаријата досега се водеше во судниците во Франција, Луксембург и Лос Анџелес.

Потсетуваме  дека актерот беше шокиран кога Анџелина продаде половина од нивната винарија без меѓусебен договор на рускиот тајкун Јури Шефлер и неговата група Столи.

На почеток