(Видео) Конференцијата на Алкараз беше итно прекината
Конференцијата на Карлос Алкараз, по освојувањето на Мастерсот во Индијан Велс, итно беше прекината поради драматична најава што се слушна за време на истата.
Имено, Алкараз требаше да одговори на новинарското прашање, кога наеднаш се слушна машки глас кој на сите им стави до знаење дека е пријавена итна ситуација во зградата.
„Внимание, во оваа зграда е пријавена итна ситуација. Ве молиме да ја напуштите зградата со наоѓање на најблискиот излез или излезот што се користи во случај на пожар во зградата. Не користете ги лифтовите, повторуваме, не користете ги лифтовите“, се слушаше во конференциската сала.
Во тој момент Алкараз прашал: „Дали сме во неволја?“. Сепак, на крајот се добро се заврши и Шпанецот можеше да почне да слави.
Алкараз ја одбрани титулата на Индијан Велс откако во големото финале го совлада Данило Медведев со резултат 7:6, 6:1.
Bees, rain and now this 🤣⚠️@carlosalcaraz's press conference is dramatically interrupted (dw all was fine)#TennisParadise pic.twitter.com/5qpwEFIHys
— Tennis TV (@TennisTV) March 18, 2024