Магазин

Кралот Чарлс за прв пат во јавност по лажните тврдења дека умрел

Кралот Чарлс беше сликан како заминува од Виндзор по тврдењата дека умрел. Руските медиуми тврдеа дека кралот Чарлс е мртов, но тој денеска се појави во јавноста. Папараците го фотографираа додека го напушташе Виндзор, како седи на задното седиште од својот автомобил, пишува Daily Mail.

Да потсетиме, руските медиуми претходно објавија дека кралот починал на 75-годишна возраст, како последица на компликации од рак, повикувајќи се на неименувани „медиумски извори“ во необјаснива серија на објави.

Сето ова се случи откако на социјалните мрежи кружеше слика од лажна изјава од Бакингемската палата за „неочекуваната смрт“ на монархот.

Неколку минути по објавата со следниве зборови: „Кралот Чарлс III од Велика Британија почина на 75-годишна возраст, според пишувањата на медиумите. Нема информации за ова на веб-страницата на кралското семејство или во британските медиуми“, објавите беа ажурирани според сознанието дека кралот не е умрен.

На почеток