Свет

Дванаесет рудари загинаа, осум се спасени по експлозија во рудник во Пакистан

Објавено на

Дванаесет рудари загинаа, а осум се спасени по експлозија на метан во рудник за јаглен во југозападен Пакистан, соопштија денеска официјални лица.

„Спасувачката операција штотуку е завршена“, изјави главниот инспектор за рудници во пакистанската провинција Белучистан, Абдул Гани Балох.

Тој изјави дека спасените рудари се префрлени во болница по експлозијата што се случила во текот на ноќта, пренесе Ројтерс.

Актуелно оваа недела

Exit mobile version