Македонија

(Видео) Славески гарантира: Силјановска нема да сврти грб на ВМРО-ДПМНЕ како Арсовска

Гордана Силјановска-Давкова нема да ги направи истите чекори како Данела Арсовска, која стана градоначалничка благодарение на ВМРО-ДПМНЕ па им сврте грб. За ова уверува Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој кажа дека станува збор за дијаметрално спротивни карактери.

„Во никој случај, за тоа гарантирам, не може да се случи“, рече Славески.

Според Славески, изразувајќи се со професорски јазик, Силјановска-Давкова „положила“ осум семестри, со највисока оценка.

„Ќе имаме добра синергија, помеѓу новата Влада предводена од Христијан Мицкоски и претседателот на Македонија каков што заслужува“, вели Славески во подкастот „Претрес со Ландов“.

Тој зборуваше и на други актуелни теми како што се Груевски и Мијалков, плановите на ВМРО-ДПМНЕ, најавувањето одговорност и апсење на СДСМ-овци и припадници на ДУИ.

На почеток