Македонија

(Видео) Извршителката Деловска: Не се чувствувам како уништувач на животи, старите предмети и нас ни тежат

Во „Претрес со Ландов”, вечерва гостин е претседателката на Комората на извршители, Весна Деловска. Извршителите се свесни како ги етикетираат, но, вели Деловска, има повеќе вистини.
„Не се чувствувам како уништувач на човечки животи, некогаш и психолози стануваме. Знаеме со кого имаме работа уште кога ќе влезе странката. Се добива впечаток за нечовечност, но тоа не е така, тоа е и дел од домашно воспитување. Повеќе мака имаме од доверителите кои некогаш се нетрпеливи да ги добијат своите пари”, вели Деловска.

Ние не утврдуваме нечие право, старите предмети и нас ни тежат, вели Деловска.

На почеток