(Видео) Се лажат луѓе дека аутизам се лечи со матични клетки во Турција, има цели фирми кои работат против пациентите, сведочи д-р Лазаров


Доктор Ненад Лазаров, во подкастот „Претрес со Ландов“ кажа дека не може да се лекува аутизам со матични клетки во Турција и дека тоа е измама. Посочи јасно дека организации дозволуваат собирање пари, давајќи им лажна надеж на родителите.
„”Лечење” аутизам кај деца со матични клетки во Турција е измама, всушност било која изјава со терминот “лечење” на аутизам е спорна. Повикување на донации за ИТНО “лечење” на аутизам кај деца, од каков и да е вид е исто така измама, класична злоупотреба на хумани луѓе кои донираат. Доминантет дел од повиците за лекување деца во Турција се однесува на матични клетки за аутизам, затоа и намерно во повиците родителите не го пишуваат тоа зошто се повеќе луѓе се информирани за матични клетки и нема да донираат!“, напиша и сега доктор Лазаров.
„Се лажат луѓе за матични клетки на аутизам. Не постои ниеден сучај на излечен аутизам во светот, прво не е болест. 20.000 евра чини еден циклус. Минимум се препорачани 4. Во Турција. Зошто само таму го има тоа? Има цели фирми кои работат против пациентите“, рече Лазаров во поткастот.
Сите детали како се прават измами на пациенти:
