Македонија

Пациентот кој почина имал тешки повреди на дишните патишта, уште двајца пациенти се во тешка состојба

Сериозни повреди на дишните патишта имал Стојанче Стефанов од Кочани, кој е 62-та жртва од пожарот во Кочани. Влошувањата на неговата состојба е поради сериозните опекотини на дишните патишта.

„Пациентот поради тежината на повредите на белодробието и опекотините на кожата, одлучивме да го транспортираме во Воено-медицинската академија. Оттаму добивме информација дека бил во критична состојба и на механичка вентилација. Влошувањето настанува во раните саати, пациентот им подлегнал на повредите во 11:15 часот. Комбинирани се тие повреди, изгореници од втор степен, но и сериозни опекотини на дишните патишта“, рече проф. д-р Андријан Карталов.

Има уште двајца пациенти кои се во тешка состојба и се лекуваат во странство, но засега се стабилни.

На почеток