Приведен дилер од Тетово кој бил баран со потерница
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, приведени пет лица](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/12/Претрес-во-Свети-Николе-пронајдена-дрога-приведени-пет-лица.jpg)
Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (19 март) околу 20 часот и 40 минути на улица „Киро Ристевски – Дрнц“ во Тетово го привеле 51-годишниот тетовец Н.Е, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)