ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС се живее се полошо, просечната плата се намали за 500 денари, а синдикалната кошничка се зголеми за 1500 денари
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![ВМРО-ДПМНЕ: 365 дена, 365 скандали на власта на ДУИ и СДС, никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/12/ВМРО-ДПМНЕ-365-дена-365-скандали-на-власта-на-ДУИ-и.jpg)
,,Со СДС се живее се полошо, просечната плата се намали за 500 денари, а синдикалната кошничка се зголеми за 1500 денари.
Државниот Завод за статистика утврди намалување на просечната плата во јануари, споредено со декември. Просечната плата во јануари изнесува 39.542 денари, и е за 456 денари помалку споредено со декември.
И додека платите се намалуваат, растат трошоците за живот. Според податоците кои ги објави ССМ синдикалната кошничка е за 1500 денари поскапа во март во однос на февруари.
За граѓаните да преживеат потребни се 1500 денари повеќе од овој месец, а во исто време имаат помали плати во просек за 500 денари.
Како мисли власта дека народот живее? Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)