Ванковска: „Митот за западниот хуманизам умре во Газа“
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2024/03/Vankovska-1.jpg)
„Нема ,добро утра’ во Газа: стотици камиони и тешка машинерија влегува слободно од граничниот премин Рафа и од урнатините на палестинските домови и заедно со затрупаните тела на цивилните жртви, го градат американското пристаниште! Поголема дехуманизација на Палестинците или на кое било човечко суштество, не е забележана во историјата!
Генералниот секретар на ОН очајнички повикува да запре западното лицемерие и различниот третман на Украинците и Палестинците. Во ветер…
НИКОГАШ да не се заборави, НИКОГАШ да не им се прости! ЗНААТ што прават!
Ако овие неколку месеци покажаа нешто – тоа е крајот на митот за западниот хуманизам и цивилизација. Човечноста умре во Газа.
А вие зборувајте ми за нашите ,стратешки сојузници’! Ние сме нивни стратешки соучесници во геноцид!”, пишува проф. Ванковска во својата објава.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)