Силен удар од Русија
Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската армија извршила групен напад врз објектите на Службата за безбедност на Украина и претпријатијата на воено-индустрискиот комплекс.
Сите цели се уништени, соопшти руското Министерство за одбрана.
Инаку, претходно денеска беше објавено дека судот во Москва издал налог за апсење во отсуство на шефот на Службата за безбедност на Украина Василиј Маљук под обвинение за тероризам. Според официјална Москва, Маљук ја потврдил вмешаноста на Украина во експлозиите на мостот на Крим, атентатот на Владлен Татарски и обидот за атентат на Захар Прилепин.
Русите наведуваат и дека украинските сили изгубиле повеќе од 425 војници во правец на Доњецк. Во соопштението се наведува и дека во правец на Херсон, руските сили од групата „Днепар“ ги подобриле позициите, а украинските сили за 24 часа загубиле до 50 војници и една хаубица М777.
Руската армија собори ракети С-200 и 15 ракети Хеимар и Вампир и 131 беспилотно летало.