ЦУК: има уште два активни пожара од утринските седум на отворен простор
Од
Објавено на
Центарот за управување со кризи информира дека од седумте вчерашни активни пожари, по утринскиот ангажман за нивно локализирање и гаснење, на терен има уште два активни пожара. Конкретно тие се во Општина Кичево – кај с.Ново Село (каде што гори шума) и во Општина Гостивар – кај селата Дебреше, Митрови Крст и Трново во реон на месноста „Пеклишта“ (каде што гори борова шума и мешана шума).