Приведен косовски држајванин: Пренесувал голема количина акцизна стока без документација
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![Приведено лице од Струмица, осудено на тригодишна затворска казна: бил баран со потерница поради бегство](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/10/Приведено-лице-од-Струмица-осудено-на-тригодишна-затворска-казна-бил.jpg)
На 03.04.2024 во 23.40 часот кај с.Страцин, кратовско, по претходно добиени сознанија дека врши криумчарење и по преземени мерки, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Р.Ш.(39) од Косово. При контрола во возилото „фолксваген пасат“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена поголема количина на разновидна акцизна стока за која не поседувал никаква документација, а ниту пак платил царински давачки.
Стоката и возилото биле одземени и предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)