Македонија

Османи се најави како победник уште на првиот ден од кампањата за претседател

Бујар Османи, како претседателски кандидат, смета дека трката е негова важна мисија. Тој смета дека предводи победнички караван.

„Доаѓам од НАТО, на денот од основањето на НАТО и членството на Северна Македнија во НАТО. Јас почнувам од НАТО, се надевам дека ќе ја завршам мисијата во ЕУ како претседател. Овие избори се народен референдум кој ќе ја определи иднината на оваа држава. Имајќи ја можноста од граѓаните да бидат дел од најважните интегративни процеси, сметам дека ги имам контактите, имам посветеност, за да го остварам сонот на секој граѓанин за европска иднина“, додаде Османи.

Тој кажа дека е поддржан од девет партии. Кампањата ќе биде осврната на делот Македонија да стане членка на ЕУ.

„Го почнуваме победничкиот караван, слушајќи ги барањата на граѓанините“, додаде Османи.

Ќе раскажува и како во наредните пет години, Македонија ќе стане членка во ЕУ.

На почеток