Повторно земјотрес во Тајван

Од
Објавено на

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван, јавува EMSC.
Земјотресот е регистриран во 13 часот и 9 минути по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Да потсетиме, земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван минатата недела, а тлото не престанува да се тресе оттогаш.
Според последните податоци, бројот на загинатите во земјотресот се искачи на 13, додека повеќе од 1.100 лица се повредени, соопштија тајванските власти.
