Македонија

(Видео) Салиу негира дека имал физички контакт со полицаец, Тошковски му рече: Лажете господине Фукран

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кажа дека приведувањето на новинарот Фуркан Салиу е снимено, но и дејствијата кој ги презел претходно. Тој кажа дека се надева дека јавноста ќе може да види што се случувало. Според Тошковски, Салиу присуствувал на натпревар кој бил од висок ризик – а не е приведен бидејќи вршел одредена служба или поради етничка припадност, туку бидејќи имало кривично-правен настан.

„По службените белешки за кои бев известен дека се доставени, од страна на двете лица има физички напад, а од снимките кои јас ги видов во најмала мера има спречување на службено лице во вршење на службена должност“, рече Тошковски.

Тошковски го праша Салиу дали имал физички контакт со полицајците, на што тој одговори: „Не“, а потоа, Тошковски му врати: „Лажете господине Фукран“.

Во однос на оружјето, според Тошковски, новинарот го чувал во возилото иако не смеел. Министерот кажа дека има посебни правила за тоа како се чува пиштол, но и како се пренесува од точка А до точка Б.

Внатрешна контрола ќе ги испита сите дејствија и на полицајците, кои спречувале ескалација на тепачката меѓу двете групи.

„Точно ќе се утврди кои се навивачките групи, од каде се, а тука индиции за навивачки групи кои е чудно зошто се присутни на овој настан. Биде раздвоени навивачките групи. Во рамки на физичкото пресметување помеѓу себе е констатирано едно лице, кое во повеќе наврати физички напаѓа припадници на другата навивачка група и физички напаѓа еден овластен полициски службеник, кој го соборува преведеното лице. Во моментот на приведување на ова лице, кое во повеќе наврати физички удира и мава кон другата навивачка група, така и се бори со полициски службеници“, рече Тошковски.

Објасни дека се е снимено.

На почеток