Свет

Турција го прекина извозот во Израел додека не дојде до прекин на огнот во Газа

Издадена наредба израелските дипломати да се вратат од Турција, откако Ердоган рече дека Израел е окупатор

Турското Министерство за трговија денеска соопшти дека го прекинува извозот на производи во Израел додека не дојде до прекин на огнот во Појасот Газа.

Ограничувањето на извозот беше објавено откако Израел во понеделникот го одби барањето на Турција да се приклучи на меѓународните напори за транспорт на хуманитарна помош за жителите на Појасот Газа, а извозните ограничувања вклучуваат, меѓу другото, производи од железо и челик, опрема и градежни производи и машини, пренесува Тајмс оф Израел.

Турција, која го осуди Израел за неговата офанзива во густо населениот Појас Газа и повика на итен прекин на огнот, испрати десетици илјади тони хуманитарна помош за цивилите во окупираната палестинска енклава од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.

Соединетите Американски Држави минатиот месец почнаа да испраќаат помош за Газа по воздушен пат заедно со Холандија, Франција, Шпанија и други земји.

На почеток