Пронајдена дрога кај сопственик на локал во Берово
На 03.03.2024 во координирана акција на Одделот за криминалистичка полиција, ОВР Берово, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат беше извршена акциска контрола во простории на правно лице – угостителски објект од Берово, во тек на работно време, а при преглед кај Г.Г., управител и сопственик на објектот, пронајдена е и одземена марихуана.
Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, против него е поднесена кривична пријава по член 215 став 2 од Кривичниот законик. Покрај ова, од страна на Управата за јавни приходи констатирани се непријавување на дневен промет и неиздавање на фискални сметки, додека од страна на Државниот пазарен инспекторат е констатирано пушење цигари во правниот објект, поради што изречена е соодветна санкција.