Украинскиот парламент усвои нов закон за мобилизација
Украинскиот парламент денеска усвои нацрт-закон со кој се воведуваат построги одредби за мобилизација, што е контроверзен текст бидејќи не предвидува рокови за демобилизација на војниците. „Готово е! Законот за мобилизација е усвоен. За него гласаа 283 пратеници“, објави пратеникот Олексеј Гончаренко на Телеграм.
Украина има многу недостиг од доброволци и на овој текст се работеше со месеци, по повеќе од две години војна против Русија. Текстот со кој се зголемуваат санкциите за прекршителите на законот, предизвика скандал затоа што во последен момент беше отстранета одредбата со која се предвидува демобилизација на војници кои одлежале 36 месеци, тежок удар за војниците кои се борат повеќе од две години.
Санкциите за оние кои ќе се обидат да избегнат мобилизација отсега ќе бидат построги, а законот ќе ги олесни и процедурите за регрутирање бидејќи воведува дигитална база на податоци. За да стапи во сила, тој мора да биде потпишан од претседателот Володимир Зеленски. На почетокот на април Украина ја намали возраста за мобилизација од 27 на 25 години.