Средба на министерот Велковски со советот на згрижувачи од СОС Детско Село


Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска оствари средба со советот на згрижувачи од СОС Детско Село.
Загрижувачка е состојбата во државата бидејќи нема интерес за нови згрижувачки семејства, а се става под знак прашање функционирањето на постојните. Без поддршка од министерството за труд и социјална политика процесот на деинституционализација нема одржливост – посочија тие.
На средбата беа посочени и на слабостите во системот на социјална заштита и третирањето на згрижувачите од страна на институциите. Згрижувањето на деца треба да се гледа како професионална дејност и треба да се залагаме да се добие соодветно место во системот. Згрижувачите не се обични луѓе, туку за нив системот треба да даде свој придонес како посебни даватели на услуги – наведе Велковски.
Во иднина заедно како партнери ќе работиме да донесеме посебна методологија за утврдување на надоместок за згрижено дете и надоместок за згрижувачот.
Згрижувањето треба да стане професија со платени придонеси за извршената работа – беше наведено на средбата.
Згрижувачите треба да бидат партнери на министерството во остварувањето на правата на децата.
