СДСМ: Како што зборуваа за Арсовска, така ДПМНЕ сега зборува за Силјановска
,,Ветувањата коишто ги дава ДПМНЕ пред граѓаните, не се разликуваат од она што го кажуваа пред локалните избори, а што се претвори во бесконечна листа нереализирани проекти и изневерени очекувања.
Како што зборуваа за Арсовска, така ДПМНЕ сега зборува за Силјановска.
Велеа дека имаат решение за Скопје, кое ќе прерасне во модерен град, граѓаните ќе се возат бесплатно во нови 250 еколошки автобуси, ќе дишат чист воздух од големите мега паркови.
А, Скопје сега е најзагадениот и највалканиот град не само во регионот и пошироко, со нефункционална администрација, со јавни претпријатија кои се дават во долгови, со запрени и прекинати проекти, полни контејнери и валкани улици.
ДПМНЕ едно зборува, друго прави.
Велат дека се за ЕУ, а немаат ни план, ни визија, ни волја за тоа, туку напротив наместо европска иднина нудат враќање во минатото.
СДСМ има јасен план и визија до 2030 година државата да стане земја членка на ЕУ.
Изборот пред граѓаните е помеѓу два сосема различни концепти, надеж за европска иднина со СДСМ и Пендаровски и безнадежност и враќање во минатото со ДПМНЕ и Силјановска.”, изјавија од СДСМ.