Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

,,Пендаровски не се извини за говорот на омраза кон професорката Силјановска, со тоа поттикнува таквото однесување да продолжи.

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а жените се рамноправни и не се предмет на исмевање како на митинзите на СДС.

Пендаровски е демократ само на хартија. Во реалноста е политичар кој за главна алатка го има говорот на омраза.

Пендаровски со самиот факт што не сакаше да се извини кон професорката Силјановска дава сигнал кон своите активисти да продолжат да ја навредуваат и омаловажуваат на полова и старосна основа.

Пендаровски со ова свое однесување само уште еднаш покажа зошто Македонија изминативе години со него и СДС стагнираше на секое поле од владеење на правото до економија.

Време е народот да си ја врати државата. Време е Македонија повторно да биде горда.”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток