Македонија

Јакимовски: САД се гарант за постоењето на Македонија

,,Македонија се конституирала како држава многу подоцна од другите држави
на Балканот и гарант за постоење на Република Македонија се Соединетите
Американски Држави, а Македонија мора да биде дел од НАТО, вели
претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски во вчерашното гостување во
емисијата „360 степени“ на МРТ1.

Нема зошто да им се доворувам на САД, нивната политика е за големи
критики и трпи критики. Секоја држава се труди да биде дел од некои
интегративни процеси, дури и Русија која е доволна сама за себе си прави
БРИКС и ШОС. Македонија како мала држава со помалку од 2 милиони жители,
да не биде дел од некој сојуз е многу опасно.

И Југославија го формираше движењето на неврзаните, ние сме го одбрале
овој интегративен процес и мора да создаваме услови за тој пат, истакна
Јакимовски.

За односите со Русија Јакимовски вели дека ситуацијата е многу
искомплицирана и дека е невозможно да се има економски, политички или
други врски со Руската Федерација.

Мислам дека секој мора да води сметка во какво опкружување живее.
Причината поради која се потпишувале два договори МИНСК 1 и 2 биле
проблеми во украинското општество, но Меркел кажа дека тие договори биле
само купување на време, значи двете држави се подготвувале за војна.

Апсолутно Русија е агресор во Украина”, нагласи Јакимовски.

На почеток