Македонија

Боки 13 ја најави првата прес-конференција: Нови околности за „Рекет“ и одговори на куп прашања

Осудениот за предметот „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13 ја најави својата прва прес-конференција. Во дописот до медиумите стои дека утре пред Кривичен суд ќе се обрати до јавноста за предметот во кој е осуден, но ќе зборува и на други теми.

„Тој за првпат по излегувањето од затвор ќе и се обрати на јавноста и на прес-конференцијата ќе открие нови околности за кривичниот предмет познат по името „Рекет“, ќе зборува за неговиот моментален статус, како и за други актуелни теми.

Јовановски ќе одговара на новинарски прашања на секоја тема од јавен интерес“, вели неговиот ПР-тим.

На почеток