Ковачевски: Од денеска ставаме печат на уште една голема победа за европска Македонија


Претседателот на СДСМ, Ковачевски на настанот по повод означување на почетокот на кампањата за парламентарните избори: „Нема откажување од иднината “во Музејот на современа уметност во Скопје, кажа: „Убеден сум дека за 20 дена од денеска, заедно ќе ставиме печат на голема победа и успех за европска Македонија. СДСМ и Коалицијата ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата влада која најдоцна до 2030 година ќе ја однесе државата во ЕУ, но и ќе ја донесе Европа тука, во Македонија.“
„Сепак, свесни сме дека направивме и голем број грешки и преземаме одговорност за тоа. Знаеме дека граѓаните се разочарани од растот на цените, од корупцијата, од самоволитето, неработењето и злоупотребите на дел од политичарите. И да, граѓаните се во право. Имаат право да се чувствуваат така. И ги прифаќаме нивните критики за направените грешки.“ – додаде Ковачевски во своето обраќање и истака: „Но, само оној што е самокритичен и свесен за своите грешки има моќ да ги исправи. Затоа креиравме издржан и остварлив план кој е преточен во нашата програма за наредните четири години.“
Претседателот на СДСМ, Ковачевски подвлече: „Затоа, денеска, на првиот ден од кампањата за парламентарните избори, сакам искрено и од срце да ви порачам – јас и мојот тим сме подготвени да работиме ден и ноќ за да изградиме држава со која сите ќе се гордееме. “
