Доживотен затвор за лице од Кочани кое убило жена
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![Приведен дилер во Битола, осуден на казна затвор од три години](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/12/Приведен-дилер-во-Битола-осуден-на-казна-затвор-од-три.jpg)
По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор.
Обвинетиот, на 25.09.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож.
Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)