Македонија

160 санкционирани возачи викендот на подрачје на СВР Битола

171 санкции за брзо возење на територијата на Македонија

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (19/20/21.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на СВР Битола изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 15 мерки за возење под дејство на алкохол, 8 мерки за зборување на мобилен телефон, 22 мерки за возење без возачка дозвола.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На почеток