Медиасет

Бекер: Не би можел повторно да му бидам тренер на Ѓоковиќ

Борис Бекер е изненаден од одлуката на Новак Ѓоковиќ да го прескокне Мастерсот во Мадрид.

По поразот во полуфиналето во Монте Карло, светскиот рекет број еден реши да не игра ниту во Шпанија, па се очекува да се врати на терените во мај во Рим.

Новак пролетва ја заврши соработката со Горан Иванишевиќ, но Бекер вели дека не би бил подготвен повторно да соработува со Новак доколку тоа го побара српскиот тенисер.

“Мислам дека сега бара нешто поинакво. Не сум сигурен дека ни тој знае точно што е тоа. Секогаш ќе ми биде близок пријател, секогаш зборуваме за тенис. Но, не можев повторно да бидам негов тренер затоа што веќе бев, тоа би било чекор назад“, вели Бекер.

Новак веќе пропушти некои турнири оваа сезона.

Не беше на теренот во текот на февруари, потоа го пропушти Мастерсот во Мајами, а сега овој во Мадрид.

“Бев изненаден од неговата одлука за Мадрид. Мислам дека во оваа фаза му недостасуваат натпревари. Му треба конкуренција. Мислам дека приоритет му е да освои злато за Србија на Олимписките игри во Париз, па можеби се прилагодува на тоа, за да биде уште свеж во јули, тоа би можело да биде причината никогаш да не го потценувам и да не сметам на него“, заклучи Бекер.

На почеток