Митрески: Целосен ветинг на судиите, јавните обвинители но и на политичарите ќе биде прва мерка на новата Влада
Носителот на ИЕ 5 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Јован Митрески, во денешната дебата на ТВ 24 најави дека прва мерка на идната влада предводена од СДСМ ќе биде целосен ветинг на судиите, јавните обвинители и политичарите.
„Прво со што ќе се зафати новата влада е целосен ветинг на судиите, на јавните обвинители и на политичарите. Граѓаните точно да знаат кој ги претставува, кој ги носи судските одлуки. Тоа ќе биде првиот чекор во справувањето со корупцијата“, нагласи Митрески.
Тој информираше дека оваа мерка беше планирана, но за жал поради сугестии од Европската комисија, Владата се откажа.
„Овој пат нема откажување, ќе има целосно прочистување. Не смее неколку скапани плодови да го затрујат целиот систем. Дополнително, целосно ќе го смениме начинот на избор на членови на Судскиот совет, според принципот на избор на членови на ДКСК, модел кој беше поздравен од нашите меѓународни партнери“, додаде Митрески.