Македонија

Возило удрило во бетонска преграда на патот Охрид-Кичево, едно лице со тешки повреди

Објавено на

На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(60) од Куманово, удрило во бетонска преграда од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка М.Ш.(36) од Куманово, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Актуелно оваа недела

Exit mobile version