Свет

Таткото на осомничениот за убиството на Данка бил во обвинителство, oдбил да зборува за делото

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар денеска како сведок во случајот за убиството на девојчето Данка Илиќ (2) бил сослушан Д.Ј., таткото на осомничениот С.Ј., дознава Курир.

„Во обвинителството денеска продолжи сослушувањето на сведоците во истрагата за убиството на Данка Илиќ, а еден од нив бил таткото на осомничениот. Тој го искористил законското право да не сведочи во постапката против неговиот син и Д.Д.“, вели А. извор од истрагата.

Д.Ј, како мајка на осомничениот Д.Д, е привилегиран сведок и може да одбие да сведочи во постапката против близок роднина, односно нејзиниот син.

С.Ј и Д.Д се осомничени за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ од Бор, по чие тело непрекинато се трага 20 дена, а откако ќе бидат испрашани сите сведоци, ќе бидат испратени на психијатриско вештачење.

На почеток