Македонецот Бобан Илиоски е светски првак во кикбокс во ВАКО Про
Од
Објавено на
Вечерва во спектакуларна атмосфера во салата “Јане Сандански“ во Скопје, нашиот спортски херој Бобан Илиоски успеа со 2:1 да го победи Берк Дузенли и со тоа да ја освои титулата во кикс бокс во ВАКО Про. Фантастичен успех за Македонецот, откако во минатото беше аматерски светски првак, од вечерва стана и професионален светски првак во дисциолината К1.
Вечерва видовме жесток дуел, беше тешко, но Бобан ја имаше и поддршката од опколу 4.000 фанови на кикбоксот.