Македонија го доби првиот сигурен учесник на ЛОИ: Дарио оди на Олимпијадата во Париз


Македонскиот рекордер во маратон и најдобриот Македонски атлетичар на сите времиња, Дарио Ивановски е првиот Македонски спортист кој избори пласман на Летните Олимписки Игри во Париз, објавија од Скопски маратон.
Во дисциплината маратон, се квалификуваа 70 со норма и 11 со ранкинг, вкупно 81 натпреварувач. Нашиот маратонец е рангиран на 78. место, а тоа го носи меѓу Олимпијците.
Дарио својот прв маратон го истрча токму на нашиот Скопски маратон во 2020 година, потигнувајќи резултат од 2:31:16, а во 2021 година стана и првиот Македонец кој победил на Скопскиот маратон (2:21:27).
Ваквиот успех на Дарио Ивановски е еднаков на исполнета норма и тоа во најтешката атлетска дисциплина. Ваквата убава вест за Македонија на социјалните мрежи ја сподели тренерот на Дарио, Игор Јакимовски.

Screenshot
