Македонија

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин поднесе оставка

И Маја Морачанин, претседателка на ДОМ, на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа функција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од СДСМ на парламентарните избори.

,,Почитувани граѓанки и граѓани, членови и поддржувачи на зелената партија ДОМ, како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка од функцијата претседателка на ДОМ. Во најкус можен рок, согласно Статутот на ДОМ, ќе организираме конгрес на кој ќе биде избран новиот претседател и раководство на ДОМ. Знам дека ДОМ ќе продолжи посветено да се бори за спроведување на зелените политики во Македонија. Честитки до претседателката Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ”, напиша Морачанин на Фејсбук.

Морачанин беше шеста во ИЕ 1 на коалицијата за Европска иднина. Според досегашните резултати од оваа изборна единица влегоа само тројца:Димитар Ковачевски, Моника Зајкова и Даниела Николова, а извисија видни членови од СДСМ и коалициските партии, меѓу нив и Бојан Маричиќ, Милена Стевановиќ, Маја Морачанин, Дарко Каевски, Лубица Јанчева,Лупчо Фармаковски.

На почеток