Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Израел ги повика Палестинците од централниот дел на Рафах да се евакуираат, повеќе од 150.000 луѓе веќе го напуштиле градот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
izrael-1

Израелската армија утринава ги повика жителите на населбата во централниот дел на градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа да се евакуираат додека ја продолжува операцијата против Хамас во тој град.

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Авичај Адрае на платформата Х објави список на нови зони во Рафах од кои треба да се евакуираат Палестинците.

— реклама —

Цивилите се повикани да се евакуираат во проширената хуманитарна зона во областите Ал-Маваси и Кан Јунис. Адрае ги предупреди Палестинците да не се движат кон израелската граница, објави „Тајмс оф Израел“.

Овој потег доаѓа откако израелскиот воен кабинет гласаше во четвртокот вечерта за одобрување „ограничено проширување“ на воената операција во Рафах.

— реклама —

ИД во понеделникот започна со евакуација на Палестинците од источната периферија на Рафах, пред израелските сили да влезат во областа.

Околу еден милион Палестинци, кои избегаа од конфликтот во другите делови на енклавата, најдоа засолниште во Рафах. Повеќе од 150.000 Палестинци веќе го напуштија градот, објави Гардијан.

Издадена е посебна наредба за евакуација за областа Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, каде на жителите им беше кажано да се евакуираат во засолништата западно од градот Газа, рече Адрае.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5vahvsmgof9b2QmGnvu

Бенет: Израел се соочува со сериозна криза

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Израелска одбранбена компанија преговара за купување фабрика на „Фолксваген“ во Германија

Свет | пред 1 ден

media-library79fpk2vphpuh1yJHObt

Израел: Немаме територијални амбиции во Либан

Свет | пред 4 дена

bespilotni-letala

Израел пресретна „сомнителна воздушна цел“ над јужен Либан

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања