Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
Автомобилот на директорот на затворот “Идризово”, Зоран Јовановски, е запален во текот на ноќта. Ова доаѓа откако претходно беа палени автомобили на повеќе вработени во затворот.
“На 15.05.2024 околу 03.35 часот во Полициската станица Кисела Вода во Скопје било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, кое било паркирано од З.Ј., се вели во информацијата од Министерството за внатрешни работи.
Претходно, затворот „Идризово“ бараше командирите на смена и чуварите од затворската полиција да добијат обезбедување додека се дома оти постојано добиваат закани, а во последниве три месеци во подметнати пожари изгореа шест нивни автомобили.