Првата ноќ на Палчо во притвор: ладнокрвно однесување, со себе имал мемориски дискови, камери и картици
Со ладнокрвно однесување, без никакви поплаки, Љупчо Палевски-Палчо е сместен во притворското одделение на затворот во Шутка. „Скопје1“ дознава дека тој не приговарал на ништо, ниту разговарал со спроводниците и полицајците кои го преземаа по екстрадицијата од Турција. Со него, носел повеќе работи, со кои бил затекнат при бегството во Баликесир.
Извори за „Скопје1“ откриваат дека со во него, освен пари, имал документи, мемориски дискови, но и картици и камери. Овие материјали турските власти ги предале на македонските, при екстрадицијата. Непознато е дали истите завршиле во МВР, Обвинителство или со него во затворот во Шутка.
Првите две локации во Македонија каде ќе биде носен Палчо се очекува да бидат Кривичниот суд, а потоа и на сослушување во Обвинителство.
Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Филип Андов кажа дека посебни протоколи важат за Палевски-Палчо. Од начинот на негово обезбедување со лица кои се посебно одредени, до крилото каде се наоѓа, но и неговата исхрана.
При приемот се извршени редовни проверки кои се прават за сите притвореници, Палчо немал поплаки на неговото здравје.