Македонија

Приведен бегалец, вратен во затвор каде издржувал казна од четири години и девет месеци

На 15.05.2024, полициски службеници од Полициската станица Штип го привеле П.И.(29) од с.Црвулево, општина Карбинци. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Куманово, поради бегство од затворот, каде издржувал казна од четири години и девет месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“.
Лицето е спроведено до Затвор Куманово за доиздржување на две години и пет месеци од казната.

На почеток